24фудбал

Барса уште во Париз ја оствари мисијата, Баерн со два гола негатива се враќа од Порто (ВИДЕО)

Барселона со 3-1 славеше победа на гостувањето кај ПСЖ и со една нога е веќе во полуфиналето, Порто одигра одличен натпревар против Баерн Минхен победувајќи го со 3-1.

Лига на Шампиони
За разлика од синоќа кога беше постигнат само еден погодок, вечерва на двете средби од Лигата на шампионите видовме вкупно осум голови.
 
Барселона уште во 18. минута го отвори натпреварот во Париз, Нејмар убаво пласираше за водство од 1-0.
 
ПСЖ изгледаше немоќно, создадоа неколку шанси, но Кавани беше далеку од потребното ниво и не успеа да реализира неколку добри прилики.
 
Во 67. минута Суарез погоди за 2-0, а десетина минути подоцна реализираше и за убедливи 3-0.
 
Пред крајот на натпреварот ПСЖ со среќен гол на Ван дер Вил успеа да го ублажи поразот на 3-1.
 
Со истиот резултат заврши и дуелот помеѓу Порто и Баерн Минхен, но на овој натпревар славеа домаќините.
 
По само десет минути игра Порто веќе водеше со 2-0 со головите на Кварезма од кои првиот од пенал.
 
Во 28. минута преку Тиаго Алкантара Баерн го намали водството на 2-1, но во вториот дел Џексон Мартинез реализираше за победа од 3-1 и убава предност пред реваншот.