24фудбал

Официјално: Јирген Клоп заминува од Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Јирген Клоп и официјално потврдија дека ја прекинуваат соработката по завршувањето на сезоната, германскиот тренер ќе побара нов ангажман.

Германија
Завршува љубовта помеѓу Борусија Дортмунд и Јирген Клоп, тренерот сака нов предизвик и од наредната сезона ќе води друг клуб. Двете страни ја потврдија разделбата.
 
„Борусија Дортмунд и тренерот Јирген Клоп се согласија за порано завршување на договорот кој беше со трајност до јуни 2018 години" - стои во соопштението на клубот.
 
На денешната прес конференција по повод разделбата се појавија Јирген Клоп и извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.
 
„Како што реков неколку пати во изминатите години, клубот ќе сакам да го напуштам кога повеќе нема да верувам дека сум перфектниот тренер за овој исклучителен клуб" - вели Клоп.
 
„Во последните денови и недели не бев сигурен дека сум вистинската личност. Не можев да одговорам на предизвиците како што треба и сигурен сум дека ова е апсолутно вистинска одлука".
 
„Не сум уморен, но не сум имал ниту контакт со друг клуб од Англија или било каде. Важно е што денеска ја информираме јавноста за нашата одлука, за клубот навреме да може да ги направи своите планови".
 
Заминувањето го потврди и извршниот директор, Ханс Јоаким Вацке.
 
„Имавме првични разговори со Јоаким и ја донесовме одлуката, на тој начин работевме и заедно направивме големи успеси во изминатите седум години, сега доаѓа крајот на нашата соработка кој ќе се случи по завршувањето на сезоната" - изјави Вацке.