24фудбал

Блан: Меси е незапирлив

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан верува дека еден човек не може да го сопре Лео Меси па целиот тим мора напроно да работи за Аргентинецот да биде тивок

Лига на Шампиони

Репрезентативецот на ’Гаучосите’ одново игра во добра форма оваа сезона, зад своето име има 31 погодок во Примера и 8 во Лигата на Шампионите.

Сигурно Лео Меси ќе биде најголема опасност по голот на ПСЖ на вечерашниот натпревар од четврт-финалето во Лигата на Шампионите.

Лоран Блан е свесен за квалитетот на Аргентинецот и вели дека целиот тим ќе мора напорно да работи за напаѓачот на Барса да остане тивок.

„Мислам дека Лео Меси е еден од најдобрите играчи во светот” – рече на прес конференцијата тренерот на ПСЖ.

„Може да постигне 50 или 60 голови во сезона... кога ќе постигне 40, луѓето велат дека не е во форма!”

„Како да го сопреме? Незапирлив е во полн трк. Доколку еден играч постојано го маркира, сигурен сум дека ќе останеме со фудбалер помалку”.

„Целиот тим треба да работи напорно за тој да остане тивок. Ќе треба да одиграме компактно и агресивно”.

„Нашиот прв напревар против Барса оваа сезона треба да ни биде референтна точка”.

„ПСЖ е еден од малкуте тимови кои и дадода три гола на Барса. Имавме одличен натпревар, но морам да признам дека и тие имаа”.

„Ќе треба да го повториме тоа издание, но и да не примиме гол”.