24фудбал

Жардим: Поразот од Јувентус е голема неправда (ВИДЕО)

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим смета дека на неговиот тим му е нанесена голема неправда во Торино со досудениот пенал на Јувентус.

Лига на Шампиони
Монако одигра добар натпревар на гостувањето на Јувентус но не успеа да остане непоразен, со гол од белата точка на Артуро Видал, домашниот тим победи.
 
Клучниот момент се случи во 57. минута кога Рикардо Карваљо направи прекршок врз Аваро Мората. Фотографиите покажуваат дека прекршокот е надвор од шеснаесетникот.
 
„Резултатот е голема неправда. Не требаше да има пенал" - вели тренерот на Монако.
 
„Доминиравме во првите 20 минути и во првите 20 минути од второто полувреме. Покажавме дека сме организиран, добар тим и му создадовме проблеми на Јуве, но не успеавме да ги реализираме. Имавме лоша ефикасност, разочарани сме, но веруваме дека можеме да победиме во реваншот".