24фудбал

Суарез: Како може да му дадат на Србин да суди ваков натпревар?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Марио Суарез е бесен на судијата Милорад Мажиќ, смета дека српскиот судија имал многу лоша арбитража на големото мадридско дерби.

Лига на Шампиони
Хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ водеше тешка битка со одбрамбените фудбалери на Реал Мадрид, Рамос, Варан и Карвахал кои поминаа неказнето од дуелите со напаѓачот на Атлетико.
 
Натпреварот помеѓу градските ривали стандардно изобилуваше со грубост и тензија, а Марио Суарез смета дека српскиот судија не бил на нивото на овој дуел.
 
„Судијата беше многу лош. Со сета почит, УЕФА не смееше да делегира судија од Србија на овој натпревар. Судијата не покажа доволно квалитет" - вели Суарез.
 
„Резултатот не е оној кој го посакувавме, но ќе имаме шанси и на реваншот. Сакавме да постигнеме гол, но ќе се обидеме да победиме на Бернабеу".