24фудбал

Без голови во првата битка за Мадрид, Јуве со гол од пенал до победа против Монако

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа без голови во првата четвртфинална пресметка, Јувентус со гол од пенал славеше минимална победа од 1-0 против Монако.

Лига на Шампиони
Без голови заврши првата битка помеѓу мадридските гиганти, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 0-0 на Висенте Калдерон.
 
Реал Мадрид беше подобар во првиот дел, создаде неколку шанси за гол кои не успеа да ги искористи, Герет Бејл излезе сам пред Јан Облак но тој го одбрани неговиот удар.
 
Во второто полувреме Атлетико Мадрид одигра на повисоко ниво и во финишот од натпреварот имаше неколку шанси за триумф, но не успеа да создаде предност на свој терен.
 
Јувентус славеше минимална но многу значајна победа над Монако славејќи со 1-0 во Торино.
 
До победата се дојде со гол од пенал во 57. минути игра, Артуро Видал беше стрелец на погодокот од белата точка.
 
Утре на програмата се преостанатите два четвртфинални натпревари, ПСЖ - Барселона и Порто - Баерн Минхен.
 


Goal Arturo Vidal - Juventus 1-0 Monaco - 14-04... by Video-Live