24фудбал

Анчелоти: Не треба да ги победиме двата натпревари, потребно е само да се пласираме во полуфинале

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека желбата кај неговите фудбалери за нов трофеј во Лигата на шампионите е огромна и покрај тоа што го освоија големиот пехар минатата година.

Лига на Шампиони
Реал Мадрид минатата сезона ја круниса со победа над Атлетико Мадрид во финалето од Лигата на шампионите, но оваа сезона никако не можат да го совладаат големиот градски ривал. Вечерва ќе имаат нова шанса да го направат тоа.
 
„Натпреварот е само едно поглавје од сезоната, треба да ми биде судено на крајот, не сега. Секој меч е различен. Не треба два пати да го победиме Атлетико, важно е само да стигнеме до полуфиналето" - вели Анчелоти.
 
„Среќен сум што на располагање го имам целиот тим за овој значаен меч. За да играме добро мора да го искористиме нашето оружје, индивидуалниот талент, брзината, напаѓачката игра. Фудбалот не е толку комплиран".
 
„Не сме опседнати со Атлетико, сакаме само да го поминеме. Нашиот сон е 11. европска титула. Голот на Серхио Рамос во Лисабон е незаборавен момент, но се фокусираме само на сегашноста и сонуваме за уште една титула".
 
„Ќе играме на победа, но свесни сме дека и со две нерешени средби можеме да сепласираме. Дуелот е изедначен, шансите се 50-50%".
 
„Симеоне е голем тренер, го докажа тоа. Ми се допаѓа, според мене тој е еден од најдобрите во светот и чест ми е да се натпреварувам со него, но исто така и голем проблем".