24фудбал

Симеоне: Со поддршка од навивачите до нова победа против Реал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне има голема почит кон Реал Мадрид и индивидуалната сила на неговите фудбалери, но верува во својот тим и добар резултат на Висенте Калдерон.

Лига на Шампиони
Вечерва Атлетико Мадрид го пречекува големиот градски ривал во мега пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
 
„Двата тима се разлика доколку ги погледнеме карактеристиките на фудбалерите. Тие имаат подобар индивидуален квалитет од нас на неколку позиции. Ова е исто така поразличен дуел од минатата година бидејќи и во двете екипи има фудбалери кои не беа дел од финалето во Лисабон" - вели Симеоне.
 
„Имаат фантастични фудбалери и ги почитуваме нивните квалитети. Не можеме да ги бираме нашите противници, го ценам Анчелоти, тој е еден од најдобрите тренери во светот".
 
„Ние можеме да побараме од нашите навивачи да не бодрат во текот на целиот натпревар. Фактот што сме меѓу осумте најдобри во Европа треба да ги прави горди".
 
„Треба да се фокусираме комплетно на првиот натпревар, за се друго е рано да се зборува".