24фудбал

Кантона: Каталонија го освои СП 2010, не Шпанија

Легендата на Манчестер јунајтед и францускиот фудбал, Ерик Кантона даде контроверзна изјава во врска со Светското првенство во 2010 кое го освои Шпанија.

Шпанија
Во разговор со новинари во Шангај, Кантона даде неколку интересни изјави, кои можат да се оценат и како контроверзни.
 
„Каталонија го освои СП 2010 година, Шпанија имаше 10 играчи од Барселона во тимот. Шпанија не го освои СП, туку Барселона, Каталонија" - изјави Кантона.
 
„Кога младите селекции на Барселона и останатите тимови ќе почнат да даваат нови добри играчи, сигурен сум дека Шпанија повторно ќе се крене".
 
Додека остатокот од светот расправа кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, Кантона смета дека Пасторе е најдобриот играч во светот.
 
„За мене Хавиер Пасторе е најдобар фудбалер во светот. Гледав два натпревари на ПСЖ само поради него и неговите асистенции. Тој поседува нешто посебно, фудбалот е интерактивна игра, а Пасторе секогаш ве изненадува со нешто. Не дава некои посебни голови, но има фантастични додавања, тој е најкреативниот играч на светот, ги сакам таквите фудбалери".