24фудбал

300 голови на Роналдо во дресот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Во синоќешната победа од 2-0 на гостувањето кај Рајо Ваљекано, Кристијано Роналдо го постигна својот 300. гол во „кралскиот“ дрес.

Шпанија
Роналдо синоќа влезе во „клубот 300" каде што уште се само Алфредо ди Стефано (307) и Раул (323). Се чини дека не е далеку денот кога Португалецот ќе стане најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид.
 
Ѕвездата на Реал Мадрид има 214 погодоци во Примера, 60 во Лигата на шампионите, 21 во Купот на Шпанија и пет во други натпреварувања.
 
Погледнете ги сите 300 погодоци на Роналдо во дресот на Реал Мадрид: