24фудбал

ПСЖ без Давид Луиз, Мота, Ибра и Верати на првиот натпревар против Барса

Давид Луиз поради повреда околу еден месец ќе биде надвор од терените, а со пауза од 10 дена се соочува Тиаго Мота, Ибра и Верати издржуваат суспензии.

Лига на Шампиони
ПСЖ сериозно ослабен ќе влезе во првата пресметка со Барса, без Ибрахимовиќ, Верати и Тиаго Мота, а Давид Луиз ќе ги пропушти и двете средби.
 
На денешната прес конференција Лорен Блан ги потврди повредите на Давид Луиз и Тиаго Мота.
 
„Можам да потврдам дека Луиз ќе биде надвор од теренот околу четири недели, а Тиаго Мота десет дена" - изјави Лорен Блан.
 
Првиот натпревар против Барса ќе го пропушти и Ибрахимовиќ поради црвениот картон на дуелот со Челси, како и Марко Верати кој има три жолти картони.