24фудбал

И Гардијан се смее на киксот на Македонија У16! (ФОТО + ВИДЕО)

Целиот свет ни фаќа сеир, македонската репрезентација прими гол од Гибралтар за најсмешни видео инстерти, додека нашите славеа, противникот погоди во празната мрежа.

Македонија
Македонија У16 не можеше да освои турнир ниту во друштво со селекции како Малта, Гибралтар и Сан Марино, за срамот да биде уште поголем, примивме гол кој го обиколи светот.
 
На натпреварот помеѓу Македонија и Гибралтар, нашите фудбалери постигнаа погодок во судиското продолжение, додека тие го прославуваа голот противникот изведе од центар и ни даде гол за конечни 1-1. 
 
Гибралтар имаше право да изведе од центар, бидејќи сите македонските фудбалери беа на својата половина, како да заборавија дека некој од нив мора да биде на протвничката за тој да не може да го изведе почетниот удар.
 
Турнирот го освои Гибралтар кој ги победи Малта и Сан Марино. Нашата репрезентација одигра нерешено против Малта и Гибралтар, а го доби само тимот на Сан Марино.
 
Смешната сторија се најде и во еден од најголемите светски весници, Гардијан, а ја објавија и многу други медиуми.
 
 
За што точно станува збор погледнете во следното видео, поточно пред крајот на истото (1:31:11 мин.):