24фудбал

Челзи ќе ја освои Премиерлигата со 13 бода повеќе од Арсенал?

Според симулација направена од Sports Interactive, ’Сините’ ќе ја завршат сезоната како шампиони со 13 бодoви предност пред второпласираниот Арсенал

Англија

На осум кола пред крајот на сезоната Челзи е лидер на табелата со шест бода во однос на Манчестер Сити, седум во однос на Арсенал и осум во однос на Манчестер Јунајтед.

Фудбалските фанови сакаат неизвесна завршница, но според симулацијата што ја направи Sports Interactive, ’Сините’ лесно ќе стигнат до титулата.

Креаторот на полуларната видео игра Football Menager прогнозира дека избраниците на Жозе Мурињо ќе станат шампиони на Англија со 13 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал.

Ливерпул, Тотенхем и Саутемптон ќе извисат во битката за топ четири пласман, а од елитата ќе се збогуваат Барнли, КПР и Лестер.

Според прогнозите Манчестер Јунајтед со 2-1 ќе го добие градското дерби против Манчестер Сити, но ќе загуби со 1-0 на гостувањето кај Челзи.

’Сините’ ќе слават со 2-1 на гостувањето кај Арсенал, и ќе одиграат 2-2 против Ливерпул.

Се очекува 2-2 да биде и резултатот на дуелот помеѓу Асенал и Ливерпул што се игра во сабота.