24фудбал

Рибери: Баерн треба да го ангажира Азар а не Де Брујне

Франк Рибери верува дека Еден Азар одлично ќе се вклопи на Алианц Арена, па ги советува лидерите на клубот да го купат играчот на Челзи а не Кевин Де Брујне од Волфзбург

Германија

’Баварците’ полека мислат на иднината и се во потрага на долгорични замени за Арјен Робен и Франк Рибери, кои имаат по 31 година.

Се шпекулира дека Кевин Де Брујне од Волфзбург е на листата со желби, репрезентативецот на Белгија има извонредна сезона и го привлече вниманието на голем број клубови.

Во разговор со Sport Bild, Френк Рибери вели дека Баерн нема лесно да најде замена за него и Арјен Робен, и ги советува лидерите на клубот да тргнат по Еден Азар, а не по Кевин Де Брујне.

„Верувајте ми, нема лесно да најдете играчи како мене и Робен” – вели Рибери. „Секако, клубот треба да се подготвува за иднина без нас, но јас и Арјен имаме уште многу да пружиме”.

„Кевин Де Брујне е одличен фудбалер, но мислам дека е многу различен од мене и Арјен”.

„Тој не е играч кој ќе ја земе топката и ќе се впушти во дриблинг, или пак играч кој сака да има противник пред себе”.

„Де Брујне е извонреден кога пред себе има празен простор како при брзите против напади. Но во Баерн нема таков простор, максимум има три или четири метри”.

„Сепак, тој е млад и може да научи”.

„Што се однесува до Еден Азар, тој постојано напаѓа. Ги обожава ситуаците еден на еден и без двоумење се впушта во дриблинг”.

„Но тој игра во Челзи и мислам дека ќе биде многу скап за Баерн”.