24фудбал

Баерн без Алаба 7 недели

Лоши вести за Пеп Гвардиола, сезоната за Давид Алаба речиси е завршена, поради повреда на левото колено играчот ќе паузира околу 7 недели

Германија

22 годишниот Давид Алаба се повреди на вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Австрија и БиХ.

Утрово тој пристигна во Минхен на детални тестови кои покажале оштетување на средниот лигамент на левото колено.

Лекарскиот тим на ’Баварците’ прогнозира дека Давид Алаба ќе отсуствува од терените околу 7 недели, со што сезоната за левиот бек е речиси завршена.

Ова се лоши вести за тренерот Пеп Гвардиола, кој неодамна остана и без услугите на Арјен Робен.