24фудбал

Челзи ја следи ситуацијата на Волкот

Медиумите од Англија пренесуваат дека ’Сините’ ја следат ситуацијата на Тео Волкот и ќе достават понуда доколку играчот биде ставен на продажба

Англија

Репрезентативецот на ’Гордиот Албион’ е обврзан кон ’Топџиите’ до 2016, преговорите за продолжување на соработката се одвиваат бавно, па постои можност Тео Волкот летоска да замине од Емирати Стадионот доколку не стави потпис на нов договор.

Ливерпул и Манчестер Сити веќе пројавија интерес за услугите на офанзивниот фудбалер, а според денешното издание на The Times, и екипата на Челзи внимателно ја следи ситуацијата на играчот.

Весникот вели дека ’Сините’ се подготвени да достават понуда доколку Арсенал одлучи да се раздели со Тео Волкот.

The Times исто така додава дека Челзи и пред три години пројавил интерес за Тео Волкот, Англичанецот и Арсенал и тогаш се најдоа во слична позиција, преговорите траеа долго и играчот реши да ја продолжи верноста на само неколку месеци пред истекот на договорот.