24фудбал

Интер се сретнал со агентот на Јаја Туре

Медиумите од Италија пренесуваат дека претставници на ’Нероаѕурите’ пред две недели се сретнале со агентот на Јаја Туре

Италија

Тренерот на Интер, Роберто Манчини не ја крие желбата одново да соработува со Јаја Туре и во неколку наврати истакна дека сака да го види репрезентативецот на БСК на Џузепе Меаца.

Според денешното издание на La Gazzetta dello Sport, Ерик Тохир летоска ќе одвои 60 милиони евра за засилувања, и дел од оваа сума ќе биде инвестирана во фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити.

Весникот пишува дека спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио пред две недели, на денот кога играа Барселона и Манчестер Сити во Лигата на Шампионите, се сретнал со агентот на Јаја Туре и му ја презентирал првата понуда.

Интер планира Јаја Туре да биде апсолутна ѕвезда на новиот проект, и предводник на тимот кој ќе се бори за Скудетото.

Проблем преставува превисоката плата на играчот, Јаја Туре во моментов заработува околу 11 милиони евра по сезона.