24фудбал

Хумелс: Не сум дал ветување на Манчестер Јунајтед

Матс Хумелс ги демантира сториите кои велат дека му дал збор на Сер Алекс Фергусон за трансфер на Олд Трафорд доколку замине од Борусија Дортмунд

Англија

Капитенот на ’Милионерите’ на почетокот од оваа недела откри дека размислува за заминување од Сигнал Идуна Парк, и соопшти дека се може да се случи по крајот на сезоната.

Дефанзивецот подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед, а вчера се појавија стории според кои Матс Хумелс му ветил на Сер Алекс Фергусон дека ќе направи трансфер во Манчестер Јунајтед кога ќе одлучи да стави крај на престојот во Борусија Дортмунд.

Сепак, Германецот експресно реагираше на ваквите написи и преку Твитер ги демантираше сториите.

„Да разјаснам: наводното ’ветување’ е чиста измислица... и внимателно ги одбирам зборовите за да бидам учтив” - напиша репрезентативецот на ’Панцирите’.