24фудбал

Официјално: Реал Мадрид потпиша со Данило

Реал Мадрид го потврди ангажманот на десниот бек од Порто, Данило, фудбалерот потпишал договор до 2021 година.

Шпанија
Реал Мадрид за сума од 31,5 милиони евра го купи дефанзивецот на Порто, Данило.
 
23-годишниот фудбалер по завршувањето на сезоната ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу каде што треба да остане до 2021.
 
„Реал Мадрид и Порто го договорија трансферот на Данило, тој ќе дојде во клубот од следната сезона и има договор до 30. јуни 2021" - стои во соопштението на Реал Мадрид.