24фудбал

Нејмар: Обожавам да играм со Санчез но нема да се преселам во Англија

Нејмар вели дека нема планови да го следи својот добар пријател Алексис Санчез во Англија и да заигра во Премиерлигата

Англија

Ѕвездата на Барселона во неделата се сретна со својот поранешен соиграч на пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Чиле што се одигра на Емирати Стадионот во Лондон.

Двајцата минатата сезона играа заедно во дресот на ’Каталонците’ и Нејмар признава дека уживал во соработката со Алексис Санчез.

Сепак, репрезентативецот на ’Кариоките’ е среќен на Камп Ноу и нема намера во скоро време да се пресели во Премиерлигата.

„Алексис ми е добар пријател и имав привилегија да играм со него во Барселона” – вели Нејмар.

„Добро се разбиравме на теренот, но се сложувавме и надвор од него. Па среќен сум што тој се снајде во Арсенал”.

„Што се однесува до можноста да се преселам во Англија, среќен сум во Барселона и планирам да останам уште долги години”.