24фудбал

Лено: Реал? Мислам само на Баер

Голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено не им обрнува внимание на шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид

Германија

Подолго време се говори дека ’Кралевите’ се во потрага на замена за Икер Касиљас, Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед е целта број 1.

’Црвените Ѓаволи’ нема лесно да се откажат од својот прв голман, па Реал Мадрид разгледува и други опции.

Изминатиов викенд се појавија стории кои велеа дека Бернд Лено од Баер Леверкузен е дел од листата со желби, и скаутите на Реал се импресионирани од она што го виделе.

Самиот голман сепак вели дека не знае ништо за интересот на Реал Мадрид, и инсистира дека во моментов мисли само на Баер.

„Интересот на Реал? Прв пат слушам за ова” – вели 23 годишниот Германец за Bild.

„Не сакам да навлегувам во шпекулациите”.

„Она што е јасно е тоа дека Баер е мојот клуб во овој момент, и се чуствувам навистина добро во Леверкузен”.

Лено е обврзан кон ’Фармацевтите’ до 2018 и во неговиот договор има откупна клаузула вредна 18 милиони евра.