24фудбал

Реми за заборав со Австралија

Македонија и Австралија одиграа здодевно реми без голови во кое гледачите не видоа ниту една посериозна шанса за погодок.

Македонија
Далеку поквалитетната Австралија го диктираше темпото, но македонската репрезентација успешно одолеваше на нападите недозволувајќи му на противникот да создаде вистинска можност за гол.
 
Со оглед на рејтингот на противникот, Македонија може да биде задоволна од резултатот, но не и од играта. Нашите фудбалери не успеаа ниту еднаш да погодат во рамките од голот на Австралија.
 
На Арената „Филип Втори“ рекордно мала посета, стадионот се полни со добри игри и резултати, но нив ги нема, разочарувањето кај присутните повторно беше видливо, по завршувањето на натпреварот фудбалерите со свирежи беа испратени кон соблекувалните.