Вилаш Боаш: Тешка ждрепка

Менаџерот на Челзи, Андре Вилаш Боаш очекува тешко 1/8 финале против Наполи во Лигата на Шампионите.
Челзи немаше лесна ждрепка за 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, Сините го добија Наполи на нашиот Горан Пандев.
 
Вилаш Боаш знае дека ќе биде тешко против Наполи, но се надева дека Челзи ќе биде тимот кој ќе го продолжи натпреварувањето.
 
"Мислам дека имавме една од најтешките ждрепки, но кој тим и да ви се падне во 1/8 финале, ќе биде тежок" - изјави Вилаш Боаш за Chelsea TV.
 
"Наполи е клуб кој го претставува градот, а градот дише за клубот. Имаат верни и жестоки фановите, па тоа ќе биде еден од најтешките и највозбудливите натпревари во 1/8 финалето, нема сомневање во тоа".
 
"Тоа е тим кој игра колективно и тоа го прави многу добро, Валтер Мацари е тренер кој многу добро го организира тимот".
 
"Под негово водство тие напредуваат и стигнуваат до резултатите кои ги посакуваат".
 
"Ние се надеваме дека ќе се подготвиме добро за натпреварите и ќе успееме да се пласираме во следната рунда".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]