24фудбал

Стоичков: Ван Гал е ѓубре!

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков го нарече ѓубре својот тренер од Барселона, Луис ван Гал.

Шпанија
Стоичков помина седум сезони во Барселона каде што работеше и под водство на Ван Гал од кој очигледно нема добри спомени.
 
„Немам почит за Ван Гал. Тој како личност е ѓубре" - изјави Стоичков за сегашниот тренер на Манчестер јунајтед.
 
„Еднаш кога бевме на Бернабеу, претходно имав повреда на коленото, а тој ми даде задача да играм како лев бек".
 
„Во друг случај кога бев повреден, тој отишол кај мојата сопруга и ја прашал како можела да се омажи за лош човек како мене".
 
„Мојата сопруга му одговориле дека јас ја имам освоено Златната топка".
 
„Најсреќниот ден во мојот живот е кога потпишав за Барселона, а најтажниот е кога заминав. За тоа е заслужен Ван Гал".
 
Стоичков работеше и со Мурињо кој во тоа време беше преведувач и асистент на Боби Робсон во Барселона.
 
„Не мислам дека Мурињо беше обичен преведувач или асистент. Тој веќе беше тренер, но никогаш не мислеше дека вреди повеќе од Робсон".
 
„Мурињо разбираше се. Тој знаеше се за нашиот тим и за нашите противници".