24фудбал

Холандија со многу среќа се спаси од пораз против Турција (ВИДЕО)

Со среќен гол во режија на Снајдер и Хунтелар во 92. минута Холандија се спаси од пораз против Турција, и Италија во финишот се избори за реми на гостувањето кај Бугарија.

ЕУРО 2016
Турција беше на чекор до сензација, до 92. минута имаше водство на гостувањето кај Холандија која беше пред третиот пораз во квалификациите, но се спаси во последните моменти.
 
Турците поведоа со гол на Јилмаз во 37. минута, Холандија долго се обидуваше да постигне гол, тоа конечно се случи во втората минута од судиското продолжение, Снајдер шутираше, топката го погоди Хунтелар и заврши во противничката мрежа.
 
Слично како и Холандија, Италија се спасуваше од пораз на гостувањето кај Бугарија, натпреварот заврши 2-2.
 
Италија поведе со автогол на Минев уште во 4. минута но многу брзо Бугарите со головите на Попов и Мицански го свртеа резултатот, на шест минути пред крајот на натпреварот азурите преку Едер дојдоа до реми.
 
Белгија ја наполни мрежата на Кипар, победи со 5-0. Фелаини реализираше два пати, по еднаш погодија Бентеке, Азар и Батшуаи.
 
Со хет-трик на Един Џеко, Босна и Херцеговина со 3-0 победи на гостувањето кај Андора.