24фудбал

Акинфеев: Инцидентите се дел од фудбалот

Квалификацискиот натпревар помеѓу Црна Гора и Русија не го доживеа својот крај поради серијата инциденти кои се случија а од кои најдебелиот крај го извлече рускиот голман Игор Акинфеев.

ЕУРО 2016
Акинфеев уште во првата минута доби удар со факел во главата по што веднаш беше префрлен во болница.
 
Русите се бесни на случувањата, а Црногорската јавност е згрозена од примитивните постапки на своите навивачи.
 
Со изјава излезе и Акинфеев кој се надева дека ваквите инциденти нема никогаш да се повторат.
 
„Сакам да им заблагодарам на оние кои ми испратија искрени пораки за брзо заздравување. За жал понекогаш ваквите работи се дел од фудбалот. Се надевам дека вакво нешто повеќе нема да се случи во Црна Гора или во било која друга земја" - изјави Акинфеев.