24фудбал

Ѓурѓевац: Не заслужуваме да имаме држава, ниту фудбалска репрезентација

Генералниот секретар на Црногорската Фудбалска Федерација, Момир Ѓурѓевац е згрозен од инцидентот на синоќешниот натпревар, вели дека тие изгледаат како варвари и не заслужуваат да имаат ниту фудбал ниту држава.

ЕУРО 2016
Натпреварот помеѓу Црна Гора и Русија беше во сенка на големите инциденти кои што се случуваа на стадионот поради кои дуелот не го доживеа својот крај.
 
Примитивното однесување на фановите ќе донесе сериозни санкции за Црна Гора.
 
„Овие фанови пеат 'Црна Горо те сакаме' но фрлаат факели, ги навредуваат ривалите и секогаш прават инциденти, па тоа би рекол дека е дволичност" - вели генералниот секретар Момир Ѓурѓевац.
 
„Изгледаме како варвари и ова што се случи е комплетна катастрофа. Се чини дека не заслужуваме да имаме држава, не заслужуваме фудбалска репрезентација ниту да се пласираме на големо натпреварување".
 
„Мислам дека натпреварот не требаше да продолжи по првиот инцидент. Можеме само да му бидеме благодарни на Бога што никој не е посериозно повреден".
 
„Јасно е дека ќе се збогуваме со желбата да бидеме на голем турнир, но она што ме плаши е дека ваквите сцени можат да се повторат".
 
„Некој мора да истапи натпред и да рече 'Доста е'. Кој би сакал да игра за националниот тим под вакви услови? Овие фудбалери имаат големи соништа, и сакаат да се квалификуваат на голем турнир, но вака не одиме никаде".