24фудбал

Русија ќе испрати протесно писмо до УЕФА поради насилството во Црна Гора

Русија ќе се жали до УЕФА поради инцидентите на синоќешниот натпревар против Црна Гора кој не го доживеа својот крај.

ЕУРО 2016
Натпреварот помеѓу Црна Гора и Русија беше во сенка на големиот инцидент кој се случи на самиот почеток кога Игор Акинфеев беше погоден со факел во главата, поради повредата веднаш беше префрлен во болница.
 
Дуелот беше во прекин повеќе од 30 минути пред повторно да продолжи иако Русите не го сакале тоа.
 
Во 67. минута Комбаров се пожали дека е погоден со предмет од трибините, по што судијата одлучи и конечно да го прекине мечот.
 
„Можеме само да жалиме за грозното однесување на фановите кои го засенија овој важен натпревар помеѓу Црна Гора и Русија" - вели претседателот на Руската фудбалска федерација, Николаи Толстој.
 
„Ќе одржиме состанок, па ќе испратиме официјален протест до УЕФА. По инцидентот во првата минута го предупредивме делегатот дека немирите ќе продолжат, но тој одби да го прекине натпреварот".
 
„Нашата репрезентација беше приморана да го продолжи натпреварот, иако ги предупредивме".