24фудбал

Нов инцидент и нов прекин во Подгорица, овој пат конечен!

Уште еден играч на Русија беше погоден од навивачите на Црна Гора, судијата и конечно го прекина натпреварот.

ЕУРО 2016
Квалификацискиот натпревар помеѓу Црна Гора и Русија не го доживеа својот крај по серија инциденти кои ги предизвикаа домашните навивачи.
 
Најпрво Акинфеев беше погоден со факел во главата и беше однесен директно во болница, натпреварот беше во прекин околу 30 минути.
 
Доцнеше и второто полувреме поради тепачки на трибините помеѓу навивачите.
 
Некако се створија услови за продожени, во 66. Русите не реализираа удар од белата точка, а минута подоцна следуваше нов прекин, овој пат и конечен.
 
Рускиот играч Комбаров пријави дека е погоден со предмет од трибините, а судијата веднаш покажа дека не постојат повеќе услови за натпреварот да продолжи, го покажа патот кон соблекувалните, а инцидентите не прекинаа, дојде и до физички дуели помеѓу играчите на теренот.
 
Најверојатно Русија службено ќе го добие натпреварот а Црногорците ќе добијат високи санкции поради инцидентите.