24фудбал

Македонија продолжува да тоне, и Белорусија е пресилна за нас

Уште еден очаен натпревар на македонската фудбалска репрезентација, овој пат пораз од Белорусија на Арената Филип Втори.

Македонија
Уште една кошмарна вечер на македонската фудбалска репрезентација, избраниците на Бошко Ѓуровски претрпеа пораз со 2-1 од Белорусија.
 
Македонија покажа зошто се наоѓа на дното кога станува збор за фудбалот, нова ужасна презентација на македонските фудбалери, заслужена победа на Белорусија.
 
Натпреварот го започнавме одлично, поведовме уште во 9. минута со прекрасен гол на Трајковски, имавме и офанзива за зголемување на предноста, но потоа следуваше пад.
 
Белорусија ја превземаше иницијативата, а пред крајот на полувремето со одличен гол на Калачев дојде до изедначување.
 
На почетокот од вториот дел имавме убава шанса преку Абдурахими за ново водство, не ја искористивме и потоа се изгубивме до крајот на натпреварот.
 
Играше само еден тим, играше само Белорусија, се редеа шанси пред голот на Пачовски кој имаше серија интервенции со кои ја одржуваше нашата репрезентација во живот, но потклекна во 82. минута кога Бордачев реализираше за комплетен пресврт и победа на гостите од 2-1.
 
Со овој пораз македонската репрезентација падна на 5. позиција на табелата во квалификациите.