24фудбал

Натпреварот во Црна Гора продолжи, Русите со нов голман

По повеќе од половина час прекин, натпреварот помеѓу Црна Гора и Русија продолжи откако беше прекинат поради тежок инцидент кога гостинскиот голман Акинфеев беше погодок со факел во главата.

ЕУРО 2016
Натпреварот во Подгорица повторно е во тек, поради тешкиот инцидент на стартот натпреварот беше прекинат повеќе од половина час.
 
Акинфеев заврши во болница откако домашен навивач со факел го погоди во главата. Русите беа приморани во игра да го стават резервниот голман, Лодигин и да го продолжат мечот.
 
Црна Гора сигурно ќе добие големи санкции за ваквиот примитивен потег.