24фудбал

За Барса Нејмаер е како Бекам

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу вели дека Нејмар привлекува спонзори како Дејвид Бекам па тоа е една од причините зошто ’Каталонците’ го ангажирале Бразилецот

Шпанија

Првиот човек на Барса минатиот месец се појави пред судот во Мадрид во процесот за затајување данок при трансферот на Нејмар што се води против него и екс-претседателот Сандро Росел.

Медиумите од Шпанија денеска објавија видео од рочиштето.

Бартомеу на судијата Пабло Руз му објаснува дека Нејмар на Камп Ноу пристигнал една година пред договореното бидејќи тогашниот тренер Тито Виланова инсистирал на овој трансфер.

Исто така, ’Каталонците’ решиле да го ангажираат Бразилецот поради огромниот број на спонзори што го пратат играчот.

„Во 2013 тренерот Тито Виланова побара да го го донесеме Нејмар една година порано од првичниот договор” – рече Бартомеу.

„Тито беше на хемотерапија во Њујорк. Бевме да го посетиме и тој ни кажа дека сака промени. Повеќе не сметаше на Давид Виља и побара да го ангажираме Нејмар”.

„Росел ги водеше преговорите со таткото на Нејмар”.

Тој потоа додаде: „Секогаш го употребував примерот со Бекам”.

„Сакавме да ангажираме играч од висок профил кој ќе ни донесе многу спонзори. Нејмар не е само фудбалер, тој е глобална суперѕведа. Никогаш претходно не сме ангажирале ваков играч”.

„Сакавме играч како Бекам, кој привлекува спонзори”.