24фудбал

Шкендија му врачи отказ на Кознику, Беќири е нов тренер

Поради лошите резултати во последните натпревари раководството на Шкендија се реши да му врачи отказ на тренерот Адријан Кознику, неговиот помошник Јетон Беќири застанува на кормилото.

Македонија
Шкендија се реши за тренерска смена по лошите резултати, амбициите на тетовскиот клуб се многу поголеми од нивниот моментален учинок.
 
Од Шкендија информираат дека ја прекинале соработката со Кознику, и на негово место е назначен помошникот Беќири.
 
„По деталната анализа на актуелната состојба, раководството на клубот реши работата да јапревземе помошникот Јетон Беќири. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште 11 кола, било која друга опција за тренер ќе претставуваше опасност. Покрај работата со првиот тим, Беќири е тренер и на Б тимот на Шкендија кој моментално е лидер во првенството за резервни тимови" - се вели во соопштението на Шкендија.
 
фото: kfshkendija.com