24фудбал

Чави се сели во Катар, ќе игра три години во Ал Сад

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави по крајот на сезоната ќе се збогува со Барселона и ќе ја продолжи кариерата во Катар во редовите на Ал Сад

Шпанија

Извештаите велат дека Чави со Ал Сад постигнал согласност за тригодишен договор вреден 30 милиони евра и наскоро ќе отпатува за Катар да стави потпис на документите.

Фудбалерот од средниот ред ќе има опција и за уште една дополнителна година, која ќе му донесе додатни 10 милиони евра.

Шпанецот и минатото лето беше блиску до заминување од Барселона, но Луис Енрике успеа да го убеди да остане на Камп Ноу и да ги одработи последните 12 месеци од неговиот договор.

Чави престојот во Катар исто така ќе го искористи и за добивање на тренерските лиценци, тој ќе има прилика да работи како инструктор во Аспајар Академијата