24фудбал

Зампарини со порака до Јуве: За Дибала сакам 40€ милиони

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини му порача на Јувентус дека за ангажман на Пауло Дибала се потребни 40 милиони евра во кеш

Италија

21 годишниот Аргентинец е желба на голем број клубови, но се верува дека играчот преферира да остане во Серија А, па Јувентус е во пол-позиција за неговиот потпис.

Извештаите велеа дека ’Старата Дама’ е подготвена да понуди 25 милиони евра како и неколку млади играчи за да стигне до услугите на Пауло Дибала.

Сепак, Палермо не е заинтересиран за ваква зделка, претседателот на ’Сицилијанците’, Маурицио Зампарини сака само кеш.

„Не сакаме играчи во замена, сакаме само кеш” – вели Зампарини во интервју за Radio Kiss Kiss Napoli.

„Играчот вреди 40 милиони евра. Добив неколку понуди од 35 милиони евра од клубови од странство. Мораме да се грижиме за буџетот на Палермо”.