24фудбал

Алаба трансфер цел на Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид се обидува да го ангажира левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба

Шпанија

Денешното издание на Marca вели дека репрезентативецот на Австрија е една од трансфер целите на Реал Мадрид.

Весникот објави дека преставници на ’Кралевите’ во Виена се сретнале со таткото на играчот, Џорџ Алаба и разговарале за можноста левиот бек да се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Давид Алаба е под договор со Баерн до 2018, и според Marca сега се е во рацете на играчот, кој треба да го направи првиот чекор и да одлучи дали сака да остане на Алианц Арена или да ги спакува куферите и да се пресели во Мадрид.

Во меѓувреме, во разговор со медиумите од Австрија, самиот Давид Алаба ги отфрли ваквите шпекулации.

„Не сум премногу загрижен, се чувствувам комфорно во Баерн” – рече 22 годишниот фудбалер.