24фудбал

Тери: Мурињо беше во право со продажбата на Мата и Луиз

Капитенот на Челзи, Џон Тери верува дека Жозе Мурињо донел добра одлука кога решил да се ослободи од Хуан Мата и Давид Луиз

Англија

И покрај тоа што Хуан Мата две години по ред беше прогласуван за најдобар играч на ’Сините’, Жозе Мурињо не сметаше премногу на неговите услуги и му дозволи во јануари 2014 да замине од Стемфорд Бриџ и да го засили големиот ривал Манчестер Јунајтед.

’Специјалниот’ шест месеци подоцна го стори истото и со Давид Луиз, Бразилецот беше продаден на ПСЖ за извонредни 50 милони фунти.

Во разговор со The Sun, Џон Тери вели дека Жозе Мурињо правилно постапил при двете здели.

Капитенот на Челзи верува дека нивните добри игри оваа сезона покажуваат дека ’Специјалниот’ донел добра одлука при продажбата на Хуан Мата и Давид Луиз.

„Имавме играчи од светска класа како Хуан Мата и Давид Луиз, но тој виде нешто во нив и реши да ги продаде” – вели Тери.

„Донесе голема одлука, но постави правилно, како многу пати во минатото”.

Тери исто така има пофални зборови и за начинот на кој Жозе Мурињо работи со секој индивидуалец во тимот.

„Жозе постапува со секој играч различно, и она што го прави е извонредно”.

„Едноставо инспирира, никој не е подобар од него кога треба да се извади најдоброто од луѓето”.