24фудбал

Кедира потврди дека заминува од Реал

Сами Кедира потврди дека по крајот на сезоната ќе го напушти Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Репрезентативецот на ’Панцирите’ е обврзан кон ’Кралевите’ до 30. јуни, нема да стави потпис на нов договор па летоска како слободен агент ќе замине од Мадрид.

„Не е одлука против Реал Мадрид” – вели Кедира во интервју за Kicker. „Сакам да пронајдам нов предизвик и да продолжам да бележам прогрес”.

Името на Германецот се поврзува со голем број на клубови, во последно време силно се шпекулира дека Сами Кедира ќе потпише за Шалке, но играчот вели дека нема донесено одлука за следната дестинација.

„Не сум се договорил со никого, ниту пак имам посебна желба да потпишам за некој клуб”.