24фудбал

Судот го ослободи Моџи, Јувентус бара 433 милиони обесштетување и враќање на титулите!

Поранешниот генерален директор на Јувентус, Лучиано Моџи е ослободен од обвиненијата за учество во спортска измама, италијанскиот шампион ќе бара голема оштета од фудбалската федерација.

Италија
Пред извесен период на Лучијано Моџи му беше изречена две ипол годишна затворска казна, тој испрати жалба до највисокиот судски орган во Италија кој пресуди во негова полза.
 
Сега Моџи е ослободен од обвиненијата за спортска измама, па Јувентус одлучно ќе бара огромно обесштетување за штетата која ја претрпе клубот со исфрлување во Серија Б.
 
Јувентус од Фудбалската Федерација на Италија ќе бара оштета од огромни 433 милиони евра, а се очекува на „старата дама“ да и бидат вратени и одземените титули за сезоните 2004/2005 и 2005/2006.
 
„Знаеме дека сумата која ја бараме е висока, но нашата загуба беше огромна поради неправедното исфрлување од првата лига, особено поради тоа што во тој период имавме одличен тим кој моравме да го распродадеме" - велат од раководството на тимот.