24фудбал

Лоши вести за Баерн, Робен ќе паузира шест недели

Според пишувањата на Bild, Пеп Гвардиола нема да може да смета на Арјен Робен во следните шест недели

Германија

Репрезентативецот на Холандија се повреди во неделата на дуелот со Борусија Менхенгладбах и го напушти теренот по само 20 минути игра.

По крајот на средбата, од таборот на Баерн Минхен соопштија дека Арјен Робен заработил повреда на стомачните мускули и ќе паузира неколку недели.

Според денешното издание на Bild, Арјен Робен ќе отсуствува од терените најмалку шесет недели, а доколку се остварат најпесимистичките прогнози, играчот би можел да биде надвор од стројот и до два месеци.

Ова се големи проблеми за Пеп Гвардиола, во клучниот дел од сезоната ’Баварците’ остануваат без својот најдобар фудбалер, Холанѓанецот е прв стрелец на Баерн со 17 погодоци во Бундеслигата зад своето име.

Bild прогнозира дека Арјен Робен ќе пропушти пет натпревари од Бундеслигата, дуелот со Леверкузен во четврт-финалето од Купот на Германија како и четврт-финалната пресметка со Порто во Лигата на Шампионите.