24фудбал

Манчини сака „чиста“ италијанска репрезентација

Тренерот на Интер, Роберто Манчини не сака натурализирани играчи да бидат дел од составот на италијанската репрезентација.

Италија
За престојните натпревари против Бугарија и Англија, на списокот селекторот на Италија Антонио Конте се најдоа и Бразилецот, Едер Мартин и Аргентинецот, Франко Васкес.
 
Роберто Манчини не се сложува со размислувањата на Конте и вели дека не треба за Италија да играат натурализирани фудбалери.
 
„Едер и Васкес се повикани во репрезентацијата? Јас мислам дека дресот на Италија треба да го носат само играчи кои се родени во оваа земја" - вели Манчини.