24фудбал

Ждрепка: Дербито на Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Денеска беше извршена ждрепката за четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, најинтересен дуел ќе биде дербито на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал, а се очекува возбудлив да биде и дуелот помеѓу ПСЖ и Барселона.

Лига на Шампиони
Главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите се избегнаа, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен нема да играа меѓу себе во четвртфиналето.
 
Реал Мадрид ќе има тешка задача против градскиот ривал, Барселона ќе игра против силниот ПСЖ кој го елминираше Челси, а Баерн Минхен се среќава со Порто кој против Базел покажа дека е сериозен тим.
 
Лига на шампиони четвртфинале:
 
ПСЖ - Барселона
Атлетико Мадрид - Реал Мадрид
Порто - Баерн Минхен
Јувентус - Монако
 
Првите натпревари се играат на 15. и 16. април, реванш дуелите се седум дена подоцна.