24фудбал

Сколс: Барса, Реал и Баерн ќе ја освојат Премиерлигата со 15 бода предност

Пол Сколс верува дека фудбалот во Англија е паднат на такво ниво што клубови како Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен би ја освоиле Премиерлигата со леснотија

Англија

Преставниците од Англија во Европа изминативе две недели доживеаа целосен неуспех.

По елиминацијата на Челзи, од најелитното европско натпреварување се простија и Манчестер Сити и Арсенал, а настапот во Лига Европа го заврши и Евертон.

Веднаш започна дебата зошто клубовите од Англија се толку инфериорни против конкурентите од ’Стариот Континент’

Многумина велат дека недостатокот на зимска пауза е причината, но Пол Сколс, кој со ’Црвените Ѓаволи’ во два наврати го подигна трофејот од Лигата на Шампионите, вели дека клубовите од Англија немаат доволно квалитетни играчи.

Легендата на Манчестер Јунајтед исто така верува дека фудбалот во Англија е паднат на такво ниво што клубови како Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен би ја осзвоиле Премиерлигата со леснотија

„Изминативе две недели нашите тренери и играчи во Лигата на Шампионите излгедаа како второкласни” - напиша Сколс во својата колумна за The Independent.

„Доколку Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен играат во Премиерлигата, ќе ја освојат титулата со 10 до 15 бода предност”.

„Дури и ПСЖ и Јувентус излгедаа како подобри тимови од оние кои во моментов се на врвот во Премиерлигата”.

„Која е причината за неуспехот? Мислам дека двата гиганти од Шпанија и Баерн едноставно имаат подобри играчи од англиските преставници во Лигата на Шампионите”.