24фудбал

Билиќ нападнат од фан на Бешикташ

Навивач на Бешикташ незадоволен од елиминацијата од Лига Европа влезе во терен и се обиде да го нападне тренерот на тимот, Славен Билиќ.

Лига Европа
Само еден пораз е доволен за турските навивачи да се свртат против вас иако имате и повеќе од успешна сезона, таков е примерот и со Славен Билиќ.
 
Хрватскиот стратег со Бешикташ моментално е лидер во турското првенство, игри и резултати што ги воодушевуваат навивачите, но тоа не им пречи да го нападнат при првиот пораз.
 
Навивачите се надеваа дека Бешикташ ќе ја анулира негативата од 2-1 од Белгија и ќе успее да го елиминира Клуб Бриж.
 
Тоа не се случи, Бешикташ загуби и на свој терен, овој пат со 1-3, а еден навивач влезе во терен и се обиде да го нападне Билиќ, беше задржан од обезбедувањето, но упати погрдни зборови кон тренерот.
 
По завршувањето на натпреварот, Билиќ не сакаше да го коментира инцидентот.