24фудбал

Евертон доживеа дебакл во Киев, Фиорентина ја понижи Рома на Олимпико (ВИДЕО)

Динамо Киев со фантастични 5-2 го победи Евертон и го елиминира и последниот англиски претставник во Европа, Фиорентина со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Парма.

Лига Европа
Англиските екипи имаат кошмарна сезона во Европа, ниту еден Премиерлигаш нема да има во четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите и Лига Европа.
 
Последен кој е елиминиран од европските натпреварувања е тимот на Евертон кој вечерва прими дури пет голови од Динамо Киев.
 
Јармоленко, Теодорчук, Велосо, Гусев и Антунес ја тресеа мрежата на, Хауард, за Евертон погодија Лукаку и Јагиелка.
 
Фиорентина со убедливи 3-0 ја победи Рома на Олимпико во италијанската пресметка во Лига Европа.
 
Конечниот резултат беше постигнат по само 22 минути игра кога Басанта го постигна третиот гол за Фиорентина, претходно погодија Родригез и Алонсо.
 
Во четвртфиналето ќе продолжи и Наполи кој одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Москва, во Италија дуелот заврши со 3-1 за тимот на Бенитез.