24фудбал

Атлетико Мадрид преку пенали до четвртфинале! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид по подоброто изведување на пенали го победи Баер Леверкузен и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони
Во регуларниот дел Атлетико Мадрид успеа само да ја анулира предноста на Леверкузен откако Марио Суарез со многу среќа погоди во 27. минута за 1-0.
 
Натпреварот се одликуваше со цврста игра и малку шанси и на двете страни, голот на Суарез беше единствениот и по 120 минути игра па пеналите го решаваа патникот во четвртфиналето.
 
Дури тројца од Леверкузен не успеаа да реализираат во пенал серијата, за Атлетико промашија Гарсија и Коке, реализираа Гризман, Суарез и Торес доволно за победа од 3-2 на пенали и пласман во понатамошниот дел од натпреварувањето.


Atletico de Madrid vs Bayer Leverkusen 1-0 by gagan051194