24фудбал

Арсенал победи, Монако се радуваше! (ВИДЕО)

Арсенал беше на гол до пласман во четвртфиналето, но Монако одолеа на притисокот и француски тим доби уште една битка со англиска екипа.

Лига на Шампиони
Монако го елиминираше Арсенал од Лигата на шампионите откако загуби со 2-0 и поради гол повеќе во гости оди понатаму.
 
Арсенал беше тимот кој напаѓаше во текот на сите 90 минути, целта на Монако беше да не прими три гола и успеа во тоа.
 
Тимот од Северен Лондон поведе во 36. минута преку Жиру, во 79. Ремзи реализираше за 2-0.
 
До крајот на натпреварот Арсенал имаше шанси и за трет гол, но тимот на Венгер не успеа и го заврши настапот во елитното натпреварување.
 


AS Monaco vs Arsenal 0-2 All Goals and Full... by enteritament