24фудбал

Венгер: Можеме да го елиминираме Монако

Арсен Венгер верува во чудо, менаџеот на Арсенал вели дека тие се способни да ја надополнат негативата од 3-1 и да го елиминираат Монако од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Доколку ’Топџиите’ се пласираат во следната рунда, ќе испишат нова историја.

Ниту еден тим во ерата на Лигата на Шампионите нема надополнето негатива од два или повеќе гола кога првиот натпревар го одиграл на домашен терен.

Последниот тим на кого му успеа ова е Ајакс во 1969 година, клубот од Холандија се вратата од негатива против Бенфика, и преку бараж се пласираат понатаму.

„Историјата не е важна. Статистиката е против нас. Резултатот од првиот натпревар е против нас” – рече Арсен Венгер на прес-конференцијата. „Свесни сме за тоа”.

„Но ќе го дадеме максимумот за да покажеме дека статистиката понекогаш лаже”.

„Тоа е нашата желба. Веруваме дека можеме да успееме, и верувам дека ќе успееме. Доколку не верувавме, ќе останевме дома. Фудбалот е непредвидлив”.

„Ќе покажеме поинакво лице, на првиот натпревар одигравме катастрофално, и тоа ме изненади со оглед на нашата добра форма”.

„Имаме втора шанса и ќе се обидеме да ја искористиме”.

„Можеме да играме во осмина-финалето, имаме искуство, знаеме дека се може да се случи”.