24фудбал

Тијаго Силва: Ова не беше лична одмазда

Тијаго Силва вервува дека Жозе Мурињо не покажал респект кон ПСЖ, но и покрај тоа, неговиот гол и пласманот во четврт-финалето не го гледа како лична одмазда

Лига на Шампиони

Бразилецот му замери на ’Специјалниот’ за коментарите пред ждрепката, кога Жозе Мурињо истака дека за противник во осмина-финалето сака да го добие ПСЖ.

Менаџерот на ’Сините’ тогаш истакна дека лесно ќе ги мотивира своите играчи, а од дуелот со ’Светците’ корист ќе имаат и фановите на Челзи бидејќи нема да потрошат многу пари за пат до Париз.

Тијаго Силва верува дека Жозе Мурињо не полажал респект кон ПСЖ, но и покрај тоа, неговиот гол и пласманот во следната рунда од ЛШ не го гледа како лична одмазда.

„Ова не беше лична одмазда” – рече капитенот на ПСЖ. „Но тие не покажаа респект, особено Мурињо”.

„Тој кажа дека преферира да игра против ПСЖ поради близината и дека на фановите ќе им биде полесно да патуваат до Париз”.

„Но мислам дека тоа не беша правата причина, тој не сакаше за противник бидејќи минатата сезона не елиминираа”.

Тијаго Силва исто така вели дека ПСЖ може да стигне далеку доколку продолжи да игра во ист стил.

„Лигата на Шампионите е нашата цел. Доколку играме вака, се е можно, можеме да стигнеме далеку. Но не смееме да го промениме менталитетот”.

„Имаме квалитетни играчи, многу интелегентни. Покажавме како се игра со играч помалку”.

За погодокот со кој го однесе ПСЖ во четврт-финале, Бразилецот рече: „Погодокот беше неверојатен. Пред да ја затресам мрежата Куртоа направи одлична одбрана по корнерот од спротивната страна”.

„Среќен сум што постигнам гол, но повеќе ме радува успехот на тимот, бевме наградени за одличната игра со играч помалку”.