24фудбал

Мурињо: Се надевам дека ќе му биде поништен црвениот картон на Ибрахимовиќ

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо се надева дека УЕФА ќе му го поништи црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ и тој ќе може да настапи во четвртфиналето.

Лига на Шампиони
Челзи 90 минути играше со фудбалер повеќе и не успеа да го победи ПСЖ и да се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
 
Поради старт врз Оскар, Ибрахимовиќ престрого беше исклучен уште во 31. минута од натпреварот. Дури и Жозе Мурињо смета дека УЕФА треба да го помилува Швеѓанецот.
 
„Зборував со Златан по натпреварот и тој секогаш е искрен со мене. Ми рече дека црвениот картон бил неправедно доделен и беше многу разочаран. Доколку не направил ништо погрешно, се надевам дека УЕФА ќе ја минимизира грешката и ќе му дозволи да игра во четвртфиналето" - изјави Мурињо.